мвр

СВР Штип лиши од слобода три лица по распишани централни потерници за сторени кривични дела „тешка кражба“

17.03.2023 11:45

Во текот на денот лицата ќе бидат спроведени до надлежните казнено-поправни установи, информираат од МВР...

Денеска полициски службеници од СВР Штип по распишани централни потерници поради бегство од казнено-поправните установи ги лишиле од слобода: Е.М.(34) од Штип, за доиздржување казна затвор од 3 години и 6 месеци во Затвор Штип, Б.М.(31) од Штип, за доиздржување казна затвор од една година во Затвор Штип и С.И.(30) од Штип, за доиздржување казна затвор од три месеци во Затвор Струмица.

Во текот на денот лицата ќе бидат спроведени до надлежните казнено-поправни установи, информираат од МВР.