Здравство
8-ми мај e светски ден за борба против ракот на јајниците
07.05.2014 14:53
Ракот на јајниците е вториот најчест гинеколошки канцер кај жените со највисока стапка на смртност, зашто најчесто доцна се открива.

Европа, особено Источна и Северна имаат највисока стапка на заболени жени од рак на јајниците. Во 2012-та имало 65 000 заболени. Со тоа оваа болест станува шестиот најчест канцер кај жените во Европа. Во светот годишно заболуваат 250.000 жени.
Во Македонија инциденцата за карцином на овариум изнесува 6.3 % или 12.8 случаи на 100.000 жители, додека морталитетот изнесува 8.7% или 5.4 случаи на 100.000 жители (Globocan 2008).
Само 50% од жените кои се дијагностицирани со рак на јајник, ќе преживеат пет години по првичната дијагноза. Ова се должи на напредна фаза нa ракoт. Со раното откривање, сепак, опстанокот на пет години послe дијагнозата може да биде 95%.
Ракот на јајникот може да се развие во било која возраст, но е поверојатно да се појави кај жени кои се на 50 години или постари. Повеќе од половина од случаите се кај жените кои се на возраст на 65 години и постари.
Индустријализираните земји имаат највисока инциденца за рак на јајник. Жените со бела кожа се изложени на малку поголем ризик; афро-американски и азиски жени се изложени на помал ризик. Ризикот за развој на болеста се зголемува со возраста.
Ракот на јајникот е петти најчест рак кај жените во САД и вториот најчест гинеколошки рак. Тоа се 4% од сите случаи на рак кај жените.
Меѓутоа, поради лошото рано откривање, стапката на смртност за рак на јајник е повисока отколку за кој било друг рак кај жените.
Соња Стојановска
