Кошарка

Партизан го совлада европскиот шампион Анадолу Ефес

17.03.2023 12:44

Во Истанбул, „црно-белите“ триумфираа со 97-84 и драстично си ги зголемија шансите за пласман во плејофот бидејќи, меѓу другото, совладаа директен ривал за место во топ-8. Разликата меѓу Партизан и Ефес сега изнесува две победи, а до крајот на основниот дел од сезоната остануваат уште пет кола...

Кошаркарите на Партизан ја потврдија фантастичната форма, по вторпат оваа сезона, го совладаа актуелниот европски шампион Анадолу Ефес, сега како гостин.

Во Истанбул, „црно-белите“ триумфираа со 97-84 и драстично си ги зголемија шансите за пласман во плејофот бидејќи, меѓу другото, совладаа директен ривал за место во топ-8. Разликата меѓу Партизан и Ефес сега изнесува две победи, а до крајот на основниот дел од сезоната остануваат уште пет кола.

И овој натпревар го одбележаа пресвртите, а Партизан, како и против Звезда пред три дена, повторно покажа карактер. Ефес отвори со 10-2, водеше со 23-6, а на крајот од првата четвртина беше 23-11. Партизан жестоко одговори во вториот квартал, не само што ја достигна високата негатива, туку на голем одмор замина со предност од 39-37. Во третата четвртина гостите имаа и 44-37, но повторно Ефес направи пресврт и дојде до 64-63 по 30 минути игра.

Натпреварот беше решен благодарение на серијата од 16-0 кон средината на последната четвртина по која Партизан поведе со 87-72 што за Ефес беше недостижно до крајот на натпреварот.