Вархеји оптимист за можноста за членство во ЕУ до 2030-та година
Еврокомесарот нагласи дека доколку Северна Македонија испорача и ги исполни условите за влез во ЕУ ќе има позитивни одлуки од страна на ЕУ.

Еврокомесарот за проширување и добрососедство Оливер Вархеји одгововарајќи на новинарско прашање на заедничката прес-конференција во Скопје со премиерот Димитар Ковачевски и високиот претставник на ЕУ за заедничка надворешна политика и безбедност Жозеп Борел, истакна дека тој е секогаш оптимистичен во однос на членството во ЕУ.
Како прво секогаш сум оптимистичен за членство во ЕУ. Тоа ми е дел од описот на работното место. Одговорот е да. Апсолутно сум оптимист. Кажавте 2030 година, тоа јас не можам да го кажам, може да биде порано, може да биде подоцна. Се зависи од испораката на реформите од страна на Северна Македонија. Ние од наша страна сметам дека дадовме многу јасни и силни сигнали, ако ги погледнете дискусиите на нашите шефови на влади и држави изминатите години ќе видите дека проширувањето е приоритет за нашите лидери и за ЕУ, рече Вархеји.
Еврокомесарот нагласи дека доколку Северна Македонија испорача и ги исполни условите за влез во ЕУ ќе има позитивни одлуки од страна на ЕУ.
