САД
ЕЦБ ги зголеми каматните стапки за 0,5 насто по кризата предизвикана од колапсот на банки во САД
17.03.2023 14:13
Големите ги спасуваат малите, група американски банки депонираа 30 милијарди долари во помалата Регионална банка „Фирст Репаблик“, од Сан Франциско, властите во САД се обидуваат да ја запрат паниката по серијата неуспеси во банкарскиот свет...

Големите ги спасуваат малите, група американски банки депонираа 30 милијарди долари во помалата Регионална банка „Фирст Репаблик“, од Сан Франциско.
Овој потег го поттикна растот на Волстрит. Властите во САД се обидуваат да ја запрат паниката по серијата неуспеси во банкарскиот свет. Во меѓувреме, Европската централна банка ги зголеми каматните стапки за 0,5 насто по кризата предизвикана од колапсот на банки во САД.
