Седум лица во Србија го оштетиле пензискиот фонд за 70 милиони динари
07.05.2014 15:35
Помеѓу 350 и 700 евра чинела услугата впишување стаж на лица на кои им недостигал одреден работен период ...

Во Србија седум лица се приведени поради сомнение дека со злоупотреба на службената позиција го оштетиле пензискиот фонд за околу 70 милиони динари. Осомничените пронаоѓале лица на кои им недостигал одреден период работен стаж за стекнување право на пензија, на кои потоа за паричен износ од 350 до 700 евра во матичната евиденција на фондот им впишувале фиктивен работен стаж. Според Обвинителство, со издавањето на ваквите решенија осомничените оствариле личен профит во износ од 125 000 евра.
Марина Автовска
