Австралија

Австралија купува 220 крстосувачки ракети „Томахавк“ од САД

17.03.2023 14:18

Австралија купува 220 американски крстосувачки ракети „Томахавк“ во вредност од 895 милиони долари...

Австралија купува 220 американски крстосувачки ракети „Томахавк“ во вредност од 895 милиони долари. Министерот за одбрана вели дека моќното оружје е од суштинско значење за држење на „противниците на растојание“, ракетите ќе биде распоредени на постоечките бродови, а подоцна и на подморниците на нуклеарен погон договорени со пактот „АУКУС“.

Кина предупреди дека договорот меѓу Вашингтон и Камбера би можел да предизвика трка за вооружување во регионот.