Пристапувањето на земјава во ЕУ до 2030 е реална цел, порача словенечката амбасадорка
Словенија интензивно ја подджува земјава во процесот на евроинтегрирање, рече словенечката в.д. амбасадорка Татјана Ковачич. Во фокусот на дебатата, беше враќањето во својата земја и задржувањето на нашите студенти, после завршувањето на студиите во Словенија...

Реално е и остварливо пристапувањето на земјава во ЕУ до 2030 година, вели словенечката в.д. амбасадорка Татјана Ковачич. Точно три децении Словенија остварува искрено пријателство и соработка, а сега интензивно ја поддржува земјава во процесот на евроинтегрирање, додаде пред настанот Ковачич.
„Целта за членство во НАТО беше остварена со словенечка поддршка, а минатото лето, по 17 години кандидатски статус, земјата конечно ги почна пристапните преговори“, изјави Ковачич.
Во фокусот на дебатата, беше враќањето во својата земја и задржувањето на нашите студенти, после завршувањето на студиите во Словенија, за да дадат придонес во татковината. Такво искуство сподели поранешен студент, сега успешен бизнисмен.
Властите уверуваат, прават напори тука да се вработуваат без врски и пријателства. И апелираат да се стрпат, бидејќи наскоро Европската Унија ќе е кај нас.
Статистиките говорат дека секоја година земјава ја напуштаат околу 9.000 млади луѓе, пред сè високообразовани кадри. Од друга страна, на земјава и недостигаат по 10.000 работници и се размислува за увоз на странска работна сила.
Фиљана Кока
