Прилеп: Зборник за програмата за талентирани деца
Уште во градинките се препознава дека имаме многу талентирани деца во сите области. Потребна ни е посебна програма да се поддржат талентите, да се негуваат и да се насочат. Ќе се прави книга-зборник од стручните искуства на македонските воспитувачи во градинките...

Имаме многу талентирани деца во сите области. Се препознаваат во градинките, но ни треба посебна програма за да може да се поддржи талентот, да се негува, констатираат воспитувачите од градинките. Се потпираат на искуството, но мора да се собере стручната фела.
Не е рано да се открие талентирано дете уште во првите пет години. Мора да се поврзат теоријата и практиката, сметаат стручњаците.
Здружението на воспитувачи на Македонија се зафаќа со конкретна работа – кон крајот на година организира македонска научно-стручна конференција. Ќе се издаде книга-зборник со стручните дела на македонските воспитувачи, за потребна програма и нагледни средства за талентираните деца.
Македонија нема посебна програма за поддршка на талентираните деца во раниот развој. Од регионот има само во Словенија.
Елизабета Митреска
