18 години затвор за возачот кој под дејство на алкохол усмрти 11-годишно дете во Велес и побегна
Возачот кој во алкохолизирана состојба прегази дете на пешачки премин и побегна, па два дена се криеше, доби 18 години затвор но и забрана за управување на автомобил во траење од пет години...

Возачот Ангелче Николов од Велес, кој во пијана состојба на пешачки премин смртно повреди 11-годишно дете, Магдалена Иванова, му е изрече затворска казна од 17 и пол години за „Тешки дела против безбедноста на луѓето“ и една година за „Неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода“, или единствена казна во висина од 18 години. Казната ја образложи судијката Габриела Гајдова претседател на петчлениот Судски совет, при Основен суд Велес.
При сообраќајката, која се случи на 17-ти декември лани во 22.17 ч. на пешачки премин, близу ОУ Васил Главинов, смртно ја повреди 11- годишната Магдалена Иванова а нејзината мајка се здоби со телесни повреди. По сообраќајката, обвинетиот Николов побегна од местото на настанот и 37 часа се криеше во населба „Превалец“. Освен затворска казна изречена му е и казна на забрана на управување на автомобил во траење од 5 години.
Изреченото признание за вина Судот го зема како придонес за побрзо завршување на постапката. Но не се стекнал со впечаток дека кај обвинетиот има искрено каење и жалење за стореното. Притворот на обвинетиот е продолжен до правилноста.
Петар Печков
