Победнички против Малта
Нареден ривал на нашиот национален тим утре ќе биде Албанија. Со победа Македонија сигурно ќе биде прва во својата група...

Македонската тениска Дејвис Куп репрезентација ја победи селекцијата на Малта со 2-0, во првиот натпревар на турнирот од третата евроафриканска зона којшто денеска почна во Будимпешта.
Томислав Јотовски со 6-3 и 6-1 по сетови го совлада Метју Ациак, а нашиот играч со најдобар АТП ранкинг во моментов, Димитар Грабул, со 6-2 и 6-2 по сетови славеше над Касар Тореџани.
Нареден ривал на нашиот национален тим утре ќе биде Албанија. Со победа Македонија сигурно ќе биде прва во својата група, по што в сабота ќе и остане уште плеј-оф натпревар против еден од другите три победници на групите за да се пласира во повисок ранг, во втората евроафриканска зона на Дејвис Купот.
