Ѓорѓиевски: Основните училишта во Кисела Вода ќе добијат соларни панели
Градоначалникот Ѓорѓиевски денес присуствуваше на патрониот празник на ООУ „Кузман Шапкарев“ во населбата Драчево...

Градоначалникот Ѓорѓиевски денес присуствуваше на патрониот празник на ООУ „Кузман Шапкарев“ во населбата Драчево. Положи цвеќе пред бистата на големиот херој по кој е именувано училиштето во кое и тој ги минал училишните денови и го честиташе го патронатот на сите кои се дел од неговата приказна. Пред присутните проговори за инвестициите кои Општина Кисела Вода ги спроведува во насока на унапредување на образовниот процес. Назначи дека минатата година во ООУ „Кузман Шапкарев“ беше изградена сензорна соба која значително го олеснува и подобрува образовниот процес на учениците со попреченост, а инвестицискиот процес оваа година ќе биде дополнително засилен. Основните училишта низ општина Кисела Вода, ќе добијат соларни панели, како одговорно и домаќинско решение за снабдување со електрична енергија најави градоначалникот Ѓорѓиевски во своето излагање.
- Убаво е да се биде дел од една долга и успешна приказна, каква што е оваа, на училиштето „Кузман Шапкарев“. 52 години континуиран растеж и успеси, се причина за гордост на секој вработен, но и на секој ученик кој излегол од тука и зачекорил кон иднината. Моменти за паметење од ова училиште, носам и јас, како некогашен ученик и сокласник на многу од моите денешни пријатели. После повеќе од 20 години, го гледам „Кузман Шапкарев“ со истата голема љубов, но денес, од позиција на човек кој ја има одговорната задача да работи на решавање на предизвиците поврзани со функционирањето на ова училиште. Како градоначалник, со големо задоволство работам на благородната задача да ги унапредиме условите за 695-те ученици на кои тука им се одвива наставниот процес.
