Свет

Меѓународниот кривичен суд издаде налог за апсење за Путин и Белова за воени злосторства и депортација

17.03.2023 19:58

Путин и Белова се под обвинение за „воено злосторство илегална депортација на население (деца) и нелегално преселување на население (деца) од окупираните територии на Украина во Русија...

Меѓународниот кривичен суд издал налог за апсење на рускиот претседател Владимир Путин и Марија Алексеевна Лвова-Белова, комесарка во Канцеларијата на претседателот на Русија за правата на децата. Путин и Белова се под обвинение за „воено злосторство илегална депортација на население (деца) и нелегално преселување на население (деца) од окупираните територии на Украина во Русија.