Регион

Протест на десницата во Белград против европскиот план за Косово

17.03.2023 22:06

Протест против француско германскиот предлог за Косово се одржа во Белград...

Протест против француско германскиот предлог за Косово се одржа во Белград. Демонстрациите почнаа пред храмот на Свети Сава и беа организирани од десничарските партии во Србија.

Тие ги повикаа граѓаните да ја отфрлат, како што рекоа, капитулацијата во преговорите со Приштина кои треба да се одржат во Охрид.

Според демонстрантите, заедницата на српските општини на Косово е измама. Протестот, посветен на годишнината на страдањето на Србите на Косово и на НАТО бомбардирањето на Србија, заврши пред седиштето на претседателот во Белград.