руско-украински конфликт

За Украина историска одлука, за Русија бесмислено издавањето налог за апсење на Путин

18.03.2023 09:54

Налогот е поради воени злосторства, како и поради неговата наводна вмешаност во грабање деца од Украина...

Високи украински функционери го поздравија издавањето налог за апсење на претседателот Путин. Русија пак смета дека е бесмислен. Налогот е поради воени злосторства, како и поради неговата наводна вмешаност во грабање деца од Украина.

Москва ги отфрли обвиненијата дека нејзините сили извршиле злосторства за време на едногодишниот конфликт во Украина.

Покрај Путин, Хашкиот суд издаде и налог за апсење на руската комесарка за правата на децата, под истите обвиненија како и за рускиот претседател. Според украинската влада, бројот на насилно однесени деца во Русија е 16.221 дете.