Црна гора
Ѓукановиќ распиша предвремени избори на 11-ти јуни
18.03.2023 10:06
Според Ѓукановиќ, најдобро решение за политичката криза е скратување на мандатот на парламентот и распишување вонредни парламентарни избори...

Претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, најави предвремени парламентарни избори во таа земја за 11 јуни. Ѓукановиќ претходно го распушти Парламентот по истекот на рокот од 90 дена во кој актуелниот претседател Миодраг Лекиќ требаше да формира Влада.
Според Ѓукановиќ, најдобро решение за политичката криза е скратување на мандатот на парламентот и распишување вонредни парламентарни избори.
