Франција
Демонстрантите бараат оставка од Макрон
18.03.2023 10:11
Демонстрантите се судрија со полицијата на плоштадот „Конкорд“ во близина на зградата на националното Собрание...

Во главниот град Париз се одржаа нови протести против усвоената реформа на пензискиот систем со која се предвидува зголемување на минималната старосна граница за пензионирање од 62 на 64 години. Илјадници луѓе имаше на протестите и во другите градови низ државата.
Демонстрантите се судрија со полицијата на плоштадот „Конкорд“ во близина на зградата на националното Собрание. Полицијата употребила солзавец.
