Во Црна Гора изборен молк, предвремени парламентарни избори на 11-ти јуни
Денеска во Црна Гора изборен молк во пресрет на утрешните претседателски избори...

Денеска во Црна Гора изборен молк во пресрет на утрешните претседателски избори. Кандидатите на Демократската партија на социјалистите (ДПС) Мило Ѓукановиќ, Демократскиот фронт (ДФ) Андрија Мандиќ, демократот Алекса Бечиќ, Движењето Европа сега, Јаков Милатовиќ, лидерот на Обединета Црна Гора (УЦГ) Горан Даниловиќ, пратеничката на Социјалдемократската партија (СДП) Драгиња Вуксановиќ Станковиќ и инфлуенсерот Јован Радуловиќ ќе учествуваат на изборите.
Претседателот Ѓукановиќ најави предвремени парламентарни избори во таа земја за 11-ти јуни. Претходно го распушти парламентот по истекот на рокот од 90 дена во кој актуелниот претседател Миодраг Лекиќ требаше да формира Влада.
