Дрогата лесно достапна до малолетниците
Се почесто билтените на МВР регистрираат малолетници фатени со дрога, уапсени дилери, психотропни супстанци пронајдени во угостителски објекти. Според психолозите решавањето на проблемот на употреба на дроги подразбира заедничка активност на семејството, институциите и пошироката заедница. Велат решение има но потребна е навремена реакција...

Се почесто билтените на МВР регистрираат малолетници фатени со дрога. Психотропни супстанци се наоѓаат и при претреси во угостителски објекти, но младите за новите видови дроги дознаваат и преку социјалните мрежи.
Според психолозите, родителите се клучна алка во превенција против дрогата, но и во воспитно образовниот процес потребни се кампањи уште од најмала возраст. Решавањето на проблемот на употреба на дроги подразбира заедничка активност на семејството, институциите и пошироката заедница.
Наркотичните средства претставуваат значаен предизвик за целото општество, а посебно за младите. Психолозите велат, решение има но потребна е навремена и брза реакција.
Анита Никушева-Јованчев
