Во Пробиштип се одржа манифестацијата „Зелникот на баба“
Голем број љубители на традиционалните македонски печива денес го посетија Пробиштип, каде се одржа традиционалната гастрономска манифестација „Зелникот на баба“. Овој специјалитет е оценет како еден од највкусните светски традиционални јадења...

Денес Пробиштип беше домаќин на голем број посетители. Се одржа гастрономската манифестација „Зелникот на баба“ со учество на вешти домаќинки од 16 општини и посетители од државата и соседството.
„Зелникот на баба“ прв пат се одржа пред десет години, но прерасна во препознатлив регионален настан.
Ја постигнавме целта, велат организаторите, направивме оригинална манифестација за промоција на домашните специјалитети од тесто.
Македонскиот зелник е меѓу педесетте најдобро оценети печива во светот на енциклопедијата „Атлас на вкусот“ каде се рангираат традиционални јадења. Од соседството, на оваа листа се и „бугарската баница“, „босанскиот бурек“ и „турската баклава“.
Славица Величковска
