МВР

Затекнати малолетници по полноќ во угостителски објект во Битола

18.03.2023 12:19

Тие се предадени на родителите, а по документирање на случајот против угостителот ќе следува соодветен поднесок, информираат од МВР...

Вчера во 01.10 часот од страна на полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола била извршена контрола во угостителски објекти на подрачјето на Битола.

За време на контролата, во објект лоциран на ул. „Климент Охридски“ биле затекнати тројца малолетници. Тие се предадени на родителите, а по документирање на случајот против угостителот ќе следува соодветен поднесок, информираат од МВР.