БОРЕНКА со акција за пошумување на опожарените шуми
Пролетни и есенски викенд акции за пошумување на опожарените подрачја, започна Сојузот на извидници во соработка со ЈП „Национални шуми“. Целта е младите да се вклучат во ревитализација на изгорените шуми, а децата да се едуцираат за значењето на секое посадено дрво...

ЈП „Национални шуми“ и Сојузот на извидници со поддршка на американската амбасада започнаа проект за пошумување на опожарените шуми. До сега околу шест илјади садници се засадени во месноста Петралица, Општина Ранковце и Драчевица кај Демир Капија. Најголемите акции се планираат во Малешевијата.
Проектот има и едукативна димензија. Повеќе од две илјади деца од основните училишта со БОРЕНКА се инспирираат да цртаат дрвја со што симболично дават поддршка на пошумувањето. Еко едукациите се во програмата и на извидничките одреди.
Во 2021-та година пожарите уништија над десет илјади хектари шума, само во Малешевијата изгоре околу 5.000 хектари борова шума. За истата да се врати, треба пошумување и период од три децении за да има вегетација како пред пожарите.
Славица Величковска
