Украина
Зеленски: Ќе добиеме нова воена помош од НАТО
19.03.2023 09:13
Зеленски најави воена помош од Канада, Германија, Франција, Данска, Естонија...

Претседателот на Украина Зеленски рече дека Украина ќе добие нова воена помош од неколку земји. Зеленски најави воена помош од Канада, Германија, Франција, Данска, Естонија.
Украинските безбедносни служби објавија видео од уништување на 10 руски тенкови и уште едно возило за една ноќ. Според командантот на копнената армија на Украина, Русија го напаѓа скоро целиот источен фронт.
Жестоки борби се водат околу градот Бахмут. Руската платеничка група „Вагнер“ планира да регрутира 30.000 нови борци до средината на мај.
