Еквадор
Расте бројот на жртвите во силниот земјотрес во Еквадор
19.03.2023 09:55
Многу згради се урнати или оштетени, а жителите во паника излегоа на улиците...

Според последните информации, најмалку 12 лица загинаа во земјотресот со јачина од 6,8 степени според Рихтер што го погоди вториот по големина град на Еквадор. Многу згради се урнати или оштетени, а жителите во паника излегоа на улиците.
Земјотресот ја погоди крајбрежната област Гуајас, а епицентарот беше на околу 80 километри јужно од Гвајакил, град со повеќе од три милиони жители.
