Франција

Во Франција продолжија протестите против пензионирањето

19.03.2023 10:00

Париската полиција синоќа, трета ноќ по ред, се судри со демонстрантите, а зголемените немири и штрајкови се најтешкиот предизвик за авторитет на претседателот Макрон по таканаречените протести на „жолтите елеци“ пред четири години...

Продолжија протестите против планот на претседателот Макрон да ја зголеми старосната граница за пензионирање во Франција од 62 на 64 години без гласање во Парламентот.

Париската полиција синоќа, трета ноќ по ред, се судри со демонстрантите, а зголемените немири и штрајкови се најтешкиот предизвик за авторитет на претседателот Макрон по таканаречените протести на „жолтите елеци“ пред четири години.

Ненасилни протести и вчера и синоќа се одржаа во различни француски градови, меѓу кои и Нант и Марсеј.