Во Битола ефектите од културниот туризам незадоволителни
Битолските културно – историски знаменитости со високи вредности, а жетвата од ваквиот туризам на ниско ниво. Туристичките работници велат, освен што нема соодветни патокази, уште од влезовите на градот не се работело да се збогатат содржините за приказните кои се посветени на светски познатите личности. Недозволиво е да имате поставки и хотелски дел на местото каде спиел таткото на модерна Турција, Мустафа Кемал Ататурк...

Иако Битола сама по себе е еден голем и бесценет отворен културно-историски музеј и ги има приказните за светски познатите личности кои дел од животот го поминале тука, жетвата од ваквиот туризам е незадоволителна.
Туристи доаѓаат од повеќе земји но доминираат турските. За посета на спомен собата на таткото на модерна Турција плаќаат влез од околу две евра и по неколку часа заминуваат. Туристичките работници остануваат на дамнешната заложба делот од комплексот во кој егзистираат битолскиот катастар и ЈП „Водовод“ да прерасне во една голема поставка и хотелски дел.
Додека Спировски јавно се прашува кој Турчин не би сакал да ноќева на местото каде спиел Ататурк, за лиценцираните туристички водичи несфатливо е да се нема патокази за насока на туристите.
Пинза вели ознаките недостасуваат уште од самите влезови на градот. Битола има уште многу приказни но без нивно автентично збогатување финансискиот бенефит ќе се потпира на летниот престој на нашите иселеници и дневната посета на Грците кои го добива епитетот „нафтен туризам“.
Стевче Митревски
