Црна Гора

Претседателски избори во Црна Гора

19.03.2023 15:07

Изборите ги следат набљудувачи од мисијата на ОБСЕ, Советот на Европа и набљудувачката мисија на Европскиот парламент, како и набљудувачи од локалните невладини организации...

Претседателски избори во Црна Гора. Право на глас имаат 542.154 избирачи кои избираат меѓу седум претседателски кандидати, меѓу нив и актуелниот шеф на државата и кандидатот на Демократската партија на социјалистите, Мило Ѓукановиќ. Изборите ги следат набљудувачи од мисијата на ОБСЕ, Советот на Европа и набљудувачката мисија на Европскиот парламент, како и набљудувачи од локалните невладини организации.

Од воведувањето на повеќепартискиот систем во 1990 година, Црна Гора имаше осум претседателски избори и тројца претседатели.