Скопје

Градски парк полн со посетители

19.03.2023 15:24

Пролетта ја започнуваме со сончево време. Метеоролозите најавуваат температури над 20 степени. Градскиот парк викендов полн со посетители...

Викендов една од најпосетените локации е градскиот парк во Скопје. Граѓаните го искористија убавото време за прошетка на сонце. Велат, се релаксираме и собираме енергија за следната седмица. Најмладите сепак најзадоволни од топлиот ден.

Пролетта ја започнуваме со претежно сончево и топло време, со мала облачност. Метеоролозите најавуваат температури над 20 степени.

Гледајќи ги просечните температури за месец март, ова е вообичаено време кога ја напуштаме зимата. Иако се најавуваат краткотрајни дождови, сепак ни доаѓа пролетта со својата убавина.

 

Анита Никушева – Јованчев