ДИК ќе им ги испрати уверенијата на пратениците на СДСМ по пошта!
До сега до ДИК, како што изјави Јакупи, од Социјалдемократите немат доставено информација за освоените мандати, а документот за искажаната волја на граѓаните ќе го добијат на домашната адреса...

Рилковски и Дума го ставија потписот на изборниот резултат за парламентарните избори, но не се појавија на церемонијата на доделувањата на уверенијата. Овојпат честитките за 4 годишните мандати од заменик пртетседателот.
Јакупи изборите ги оцени како фер и демократски, но без можност да му честита на новоизбраниот тим на коалицијата предводена од СДСМ и на единствениот пратеник од НДП. До сега до ДИК, како што изјави Јакупи, од Социјалдемократите немат доставено информација за освоените мандати, а документот за искажаната волја на граѓаните ќе го добијат на домашната адреса.
„За тие што не ги подогнаа денеска уверенијата ние ќе ги испратиме лично“, рече заменик претседатлот на ДИК, Субхи Јакупи.
Порака за почитување на одлуката на граѓаните, како важен сегмент во градењето на демократските вредности, од староновите пратеници Адеми и Милошоски.
„Демократска зрелост и капацитет ќе покаже оној пратеник што ќе го оправда својот мандат“, вели Милошески.
„Како учесник во изборите и кампањата напревивме се за да направиме изборите да бидат во ред“, нагласи Адеми.
Груевски единствен од партиските лидери лично го подигна уверението. Засега без потврда, но неофицијално во сабота се очекува да биде конституиран, новиот парламентарен состав, на којшто ќе бидат верификувани и мандатите. Најдоцна во понеделник на 12 - ти, како што налага уставот треба да биде инаугурацијата на Иванов за претседателот на државата по што започнува новиот 5 годишен мандат.
Виолета Димовска
