Собрание
Во Собрание на дневен ред избор на Елизабета Дуковска за уставен судија
20.03.2023 08:36
Во Собранието денеска ќе продолжи 106. седница на која на дневен ред е Предлог за избор на судија на Уставниот суд...

Во Собранието денеска ќе продолжи 106. седница на која на дневен ред е Предлог за избор на судија на Уставниот суд. За нов уставен судија е предложена Елизабета Дуковска.
Дуковска се предлага на местото на судијката Вангелина Маркудова, чиј мандат истече минатата година.
Судијката од Апелационен суд Скопје Елизабета Дуковска беше предложена од членот на Судскиот совет Зоран Герасимоски.
