Македонија

Ковачевски ќе се обрати на одбележувањето на 78 години од формирањето на Црвениот крст

20.03.2023 08:39

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски денеска ќе присуствува и ќе се обрати на одбележувањето на 78 години од формирањето на Црвениот крст...

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски денеска ќе присуствува и ќе се обрати на одбележувањето на 78 години од формирањето на Црвениот крст на Република Северна Македонија, настан во чиј склоп ќе има и хуманитарна акција за помош и поддршка на настраданото население од катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија, во 11:00 часот во хотелот „Холидеј Ин“.