МВР: 214 санкционирани возачи во Скопје
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот...

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (19.03.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 214 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 145 санкции, 12 мерки за возење без возачка дозвола, 11 санкции за возење под дејство на алкохол.
Изречени се 11 мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), две санкции за користење мобилен телефон за време на возење, соопштуваат од МВР.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. МВР со апелираме до граѓаните, да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.
