Кина

Кинескиот претседател Си Џинпинг во тридневна посета на Русија

20.03.2023 09:09

Кинескиот претседател си Џинпинг денеска ја почнува тридневната посета на Русија, на покана на неговиот руски колега, Владимир Путин. Фокусот на разговорите е натамошно продлабочување на партнерските односи меѓу двете земји...

Кинескиот претседател си Џинпинг денеска ја почнува тридневната посета на Русија, на покана на неговиот руски колега, Владимир Путин. Фокусот на разговорите е натамошно продлабочување на партнерските односи меѓу двете земји.

Посетата на Џинпинг на Кина е прва по речиси, четири години. Кина официјално не ја осуди руската инвазија на Украина, но досега главно се придржуваше на санкциите кон Москва. Официјален Пекинг, исто така, сигнализираше дека евентуална руска употреба на нуклеарно оружје е неприфатлива.