Пјонгјанг

Северна Кореја изведе нуклеарни воени вежби

20.03.2023 09:14

Војската на Северна Кореја изведе нуклеарни воени вежби симулирајќи нуклеарен контранапад на САД и Јужна Кореја...

Војската на Северна Кореја изведе нуклеарни воени вежби симулирајќи нуклеарен контранапад на САД и Јужна Кореја. Вежбите ги надгледуваше севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун.

Вежбите вклучувале лансирање ракети со краток дострел, а невообичаено е што еден од проектилите бил истрелан од затрупан силос. Севернокорејската државна новинска агенција објави дека вежбите биле дизајнирани да ја зајакнат „воената способност за одвраќање и нуклеарниот контранапад“.