Тенис

Карлос Алкараз се врати на врвот на АТП листата

20.03.2023 10:01

Со овој триумф момчето од Мурсија се врати на врвот на АТП листата од која го симна Новак Ѓоковиќ и со тоа ја започна 21. недела на чело на караванот...

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз го декласираше Данило Медведев во финалето на Индијан Велс со резултат 6:3, 6:2, по само 72 минути игра.

Со овој триумф момчето од Мурсија се врати на врвот на АТП листата од која го симна Новак Ѓоковиќ и со тоа ја започна 21. недела на чело на караванот. Ваков епилог од мечот за трофејот на првиот Мастерс сезонава никој не можеше да очекува и целосен дебакл за Медведев.

Алкараз од самиот старт, беше подобриот играч на теренот, го диктираше ритамот, со својата агресивна игра редеше винери, го принудуваше ривалот на грешки.