Кој е добар во Барселона, добар е насекаде
„Често велиме дека трката во Барселона дава најпрецизни податоци за перфомансите на болидите и на пневматиците, па кој ќе биде добар на Каталуња ќе биде добар и на сите следни трки“-вели шефот на Пирели, Пол Хамбери пред неделната трка за големата награда на Шпанија. Според него патеката крај Барселона е една од најспецифичните во сезоната. Долгите и брзи свиоци како и абразивната подлога надополнето со очекуваните високи температури на воздухот и патеката ќе бидат вистинско искушение како за издржливоста на пневматиците така и за болидите.

„Често велиме дека трката во Барселона дава најпрецизни податоци за перфомансите на болидите и на пневматиците, па кој ќе биде добар на Каталуња ќе биде добар и на сите следни трки“-вели шефот на Пирели, Пол Хамбери пред неделната трка за големата награда на Шпанија. Според него патеката крај Барселона е една од најспецифичните во сезоната. Долгите и брзи свиоци како и абразивната подлога надополнето со очекуваните високи температури на воздухот и патеката ќе бидат вистинско искушение како за издржливоста на пневматиците така и за болидите. Од Пирели очекуваат најмалку 3 застанувања во боксовите за време на трката како резултат на подобрените перфоманси на пневматиците за новата сезона, а веднаш по гран-при викендот Пирели ќе продолжи со тестирањата и за идната сезона.
Трката за големата награда на Шпанија е специфична и по враќењето во Европа на Ф1 карванот по источната турнеја. Вообичаено поради близината со матичните фабрики и погони,повеќето тимови најголем дел од надградбите ги чуваат токму за трката во Барселона, па се очекува да се види и кој колку напредувал во изминатиот период.
