Кошарка
Кошаркарите на Пелистер го совладаа составот на Еуро Никел
20.03.2023 10:13
Кошаркарите на Пелистер во Битола им се вратија на победите во Првата кошаркарска лига и пред својата публика без многу мака го совладаа составот на Еуро Никел со 92:74...

Кошаркарите на Пелистер во Битола им се вратија на победите во Првата кошаркарска лига и пред својата публика без многу мака го совладаа составот на Еуро Никел со 92:74, иако без неколку стандардни првотимци и се зацврстија на втората позиција на табелата.
Кошаркарите на Марјан Илиевски, заслужено стигнаа до 14-тата победа оваа сезона, а сите дилеми околу победникот беа решени уште во првото полувреме, а на пауза заминаа со предност од 12 поени разлика (49:37). Ништо не се промени ниту во продолжението, Пелистер искусно дојде до победа, 92:74.
