Врање

Македонско возило излетало од пат во Врање, еден загинат

20.03.2023 10:38

Македонски државјанин загинал во тешка сообраќајна несреќа која се случила вчера вечерта на улицата „Партизански пат“ во Врање, јавија српски медиуми...

Македонски државјанин загинал во тешка сообраќајна несреќа која се случила вчера вечерта на улицата „Партизански пат“ во Врање, јавија српски медиуми.

Од полицијата велат дека сè уште не се познати околностите под кои дошло до несреќата.

Според неофицијални информации на српските медиуми автомобилот со регистерски таблички од Македонија излетал од патот и удрил во насип. Едно лице загина, а еден е згрижен на Итна медицинска помош во Врање.