Култура

Одбележување на Светскиот ден на поезијата и на јубилејот 100 години од раѓањето на Ацо Шопов

20.03.2023 10:39

Во рамки на Програмата на настанот, ќе бидат прогласени добитникот на наградата „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата за 2023 година, добитникот на наградата „Мостови на Струга“ за 2023 година, истовремено со свеченото прогласување на лаураетите на СВП во седиштето на УНЕСКО во Париз, во рамки на програмата на меѓународниотсимпозиум во чест на јубилејот 100 години од раѓањето на Ацо Шопов.

По повод 21-ви март, Светскиот ден на поезијата и одбележување на јубилејот 100 години од раѓањето на Ацо Шопов, НУМ „Струшки вечери на поезијата“, Македонскиот П.ЕН Центар, Друштвото на писатели на Македонија и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ организираат свечен настан кој ќе се одржи во НУБ „Св. Климент Охридски“- Скопје на 21 март (вторник) со почеток во 11 часот.

Во рамки на Програмата на настанот, ќе бидат прогласени добитникот на наградата „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата за 2023 година, добитникот на наградата „Мостови на Струга“ за 2023 година, истовремено со свеченото прогласување на лаураетите на СВП во седиштето на УНЕСКО во Париз, во рамки на програмата на меѓународниотсимпозиум во чест на јубилејот 100 години од раѓањето на Ацо Шопов.

По прогласувањето на лауреатите на СВП ќе бидат прочитани поетските посланија по повод Светскиот ден на поезијата од претставници на Македонскиот ПЕН центар и Друштвото на писатели на Македонија, по кои следува поетско читање од истакнати поети- членови на Македонскиот П.Е.Н Центар и на Друштвото на писатели на Македонија. Во чест на јубилејот 100 години од раѓањето на Ацо Шопов, кој се одбележува во текот на целата 2023 година, како Година на Ацо Шопов, ќе бидат прочитани песни од Ацо Шопов.