Голем интерес за „Кајмак“ на Милчо Манчевски на Софискиот филмски фестивал

20.03.2023 10:54

Филмот е снимен во 2021-ва година, според жанрот е комедија и е македонско-данско-холандско-хрватска копродукција во соработка со МРТ, а поддржана од Еуримаж.

Филмот „Кајмак“ на Милчо Манчевски беше прикажан на 27-мо издание на „Софија филм фест“ во Софија. Наиде на голем интерес, а на проекцијата присуствуваа претставници на бугарската културна елита, како и еминентни имиња од европските држави.

Филмот е снимен во 2021-ва година, според жанрот е комедија и е македонско-данско-холандско-хрватска копродукција во соработка со МРТ, а поддржана од Еуримаж.

Во текот на неделата, во рамките на фестивалот беа прикажани и филмовите на Манчевски „Пред дождот“, „Прашина“, „Врба“, „Бикини Мун“ и „Мајки“. Ретроспективата започна со два негови кратки филма „Четврток“ и „Крајот на времето“.