За Денот на полицијата- МТВ на вежби со Единицата за брзо распоредување

07.05.2014 17:25

Во единицата Тигар се луѓе кои со својата подготвеност и пожртвуваност го докажале епитетот - најелитна. Постои 33 години. Зад нив низа успешно спроведени најсложените и најкомплицираните акции...

Храбри, брзи и професионални – по ова е препознатлива најелитната  полициска единица - Тигар. Во неа се луѓе кои со својата подготвеност и пожртвуваност го докажале епитетот - најелитна. Постои  33 години. Зад нив низа успешно спроведени најсложените и најкомплицираните акции.

„Единицата  се ангажираат за решавање на заложнички ситуации, апсење на опасни лица и криминални групи, обезбедување на загрозени и вип личности и објекти,решавање на задачи со забарикадирани опасни лица , асистираат во борбата против организираниот криминал“, вели припадник на единицата за специјални задачи - Тигар.

Едницата е составена  од команда, интервентни тимови и специјалности - снајперисти, алпинисти, нуркачи и преговарачи. Има пет оперативни групи и една задолжена за логистика. Таа е антитерористичка единица која решава заложнички ситуации. Луѓето во неа извлекуваат лица и од најризичните места и од копно и од вода. МТВ ги посети. Алпинистичкиот тим вежбаше на 25 метарската кула.

За денот на полицијата екипата на МТВ ја посети и Едницата за брзо распоредување.

Група незадоволни граѓани протестираат. Од мирни, стануваат насилни.Нарушен е Јавниот ред и мир...Солзавец, шок бомби, полициска барикада.Толпата е растерана, уапсен се две лица кои нападнаа полицајци... Задачата успешно завршена...

Вооружено лице пука по полицајците кои се во близина. Во овој случај интервенира полициското куче...

Безбедни спортски натпревари и јавни манифестации се главните настани за кои се грижи оваа единица. Единицата ги лови криминалците кои се кријат во рурални средина. И помагаат на граничната полиција, а асистираат и на судските органи.

За да одговорат на задачите, припадниците на Единицата за брзо распоредување тренираат скојдневно.

 

Наташа Гркова-Петрушевска