Северна Кореја
Ким: Северна Кореја да биде подготвена за нуклеарен напад
20.03.2023 14:20
Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун вели дека неговата земја треба да биде подготвена да изврши нуклеарен напад во секое време...

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун вели дека неговата земја треба да биде подготвена да изврши нуклеарен напад во секое време. Ги обвинува САД и Јужна Кореја за проширување на заедничките воени вежби во кои се вклучени американски нуклеарни средства.
Изјавата следи откако Пјонгјанг спроведе нуклеарни тактички вежби со цел да испрати силно предупредување против сојузниците за кои смета дека непростливо се приближуваат до црвената линија на земјата.
