САД
Продолжуваат проблемите во банкарскиот сектор на САД
20.03.2023 14:51
Уште 186 американски банки се соочени со банкрот, откако банката на Силицумската долина пропадна минатата недела...

Уште 186 американски банки се соочени со банкрот, откако банката на Силицумската долина пропадна минатата недела. Студија на Мрежата за истражување на општествени науки покажува дека банките условени од каматната политика на Федералните резерви се во ризик и би можеле да пропаднат ако половина од нивните штедачи одеднаш ги повлечат средствата.
Европската централна банка извести дека ќе ја зајакнува ликвидноста во американски долари преку механизам за размена на валути за да осигури нормалното финансирање.
