Здравство

15% од мозочните удари се кај младата популација

20.03.2023 18:57

Мозочните удари се почеста појава кај помладата популација. Нездравиот начин на живот, но и постковид компликациите се најчестите ризик фактори, велат здравствените работници на работилницата на тема“ Превенција од мозочен удар“. За време на пандемијата во текот на само една година на 100.000 граѓани биле регистрирани повеќе од 5.000 нови пациенти со мозочен удар, бројки кои загрижуваат...

15% од мозочните удари се евидентирани кај помладата популација. Кај нив имаме поспецифични ризик фактори, а најчесто и не можат да се откријат причините. Инфекциите од Ковид пандемијата пак дополнително ја зголеми оваа појава, велат здравствените работници. Најдобар лек е превентивата, пред сè здравиот начин на живот.

Треба поголема едукација како да ги препознаеме мозочните удари, за што поскоро да се обратиме на лекар. Со здравствена култура не можеме да се пофалиме, но и рехабилитациониот период на луѓето со мозочни удари не е доволен. Да се обрне внимание на посеопфатно третирање на пациентите, за да можат да се вратат во нормален живот.

Мозочните удари веќе може да се дефинираат како хуманитарна катастрофа, велат здравствените работници. Свесноста за оваа болест мора да се подигне на повисоко ниво, ако сакаме да се намали црната статистика.

 

Зоран Димовски