Временска прогноза

Облачно со повремени врнежи од дожд

21.03.2023 08:24

Денеска ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, кои на места попладне и во вечерните часови ќе бидат пообилни...

Денеска ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, кои на места попладне и во вечерните часови ќе бидат пообилни. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 7, а максималната ќе достигне од 12 до 18 степени.

Во Скопје времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни попладне и во вечерните часови.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 15 степени.