Ново рочиште за пожарот во тетовската модуларна болница
Во 10 часот денеска треба да се одржи ново рочиште од судскиот процес за пожарот што се случи во модуларната болница во Тетово во 2021 година кога животот го загубија 14 лица...

Во 10 часот денеска треба да се одржи ново рочиште од судскиот процес за пожарот што се случи во модуларната болница во Тетово во 2021 година кога животот го загубија 14 лица.
На последното рочиште, што се одржа на 2 март, судијата побара адвокатите на одбраната за денеска да посочат за кои околности се повикуваат предложени сведоци од нивна страна. Судијата определи и два термини за рочиште за следниот месец односно за 4 и 25 април.
Пред три недели на рочиштето сведочеа овластен судски вештак по електротехника и жена која била придружник на човек кој бил на болничко лекување.
