Промоција

Нова книга поезија на Михаил Ренџов

21.03.2023 09:31

Утре ќе се одржи промоција на новата збирка поезија „Зраци“, на еминентниот македонски поет Михаил Ренџов. Книгата е во издание на „Метаноја“...

Утре, во 12 часот ќе се одржи промоција на новата збирка поезија „Зраци“, на еминентниот македонски поет Михаил Ренџов. Книгата е во издание на „Метаноја“, а промотори се Владимир Мартиновски и Коста Милков.

Ренџов ја истакнува моќта на поезијата да „пее“ тогаш и таму каде што секој друг јазик замолкнува.