Франција

Француската влада го преживеа второто гласање за недоверба, протестите продолжуваат

21.03.2023 09:34

Владата во Франција преживеа, со тесно мнозинство од само девет гласа. Исходот поттикна непосредни протести низ неколку градови, кои се разгореа и се претворија во тензични судири меѓу демонстрантите и безбедносните сили...

Француската влада го преживеа и второто гласање за недоверба на Собранието, со тесно мнозинство од само девет гласа. Исходот поттикна непосредни протести низ неколку градови, кои се разгореа и се претворија во тензични судири меѓу демонстрантите и безбедносните сили, при што, само во Париз беа уапсени над 100 луѓе. Нови штрајкови и порадикални протести се најавени за в четврток.

Пензиската реформа, која ги налути француските граѓани, предвидува зголемување на старосната граница за пензионирање од 62 на 64 години, како и најмалку 43 години работа за некој да се квалификува за целосна пензија.