Кишида во ненајавена посета на Киев
Јапонскиот премиер Фумио Кишида во неочекувана посета на Киев на средба со претседателот Зеленски, за одлучно отфрлање на руската агресија врз Украина...

Јапонскиот премиер Фумио Кишида во неочекувана посета на Киев на средба со претседателот Зеленски, за одлучно отфрлање на руската агресија врз Украина. Неговата посета се одвива паралелно со разговорите што се случуваат во Москва, меѓу кинескиот лидер Џинпинг и претседателот Путин. Денеска се очекува да потпишат два големи договори за проширување на „сеопфатното партнерство“ и „стратешката соработка“.
Путин изјави дека внимателно ќе го проучи кинескиот план за решавање на кризата во Украина. Западните лидери изразија скептицизам за улогата на Пекинг како миротворец. Реакции пристигнаа и од САД и од Тајван.
Во меѓувреме, жестоките битки во Бахмут не престануваат. Украинските сили тврдат дека источниот град Авдивка, наскоро може да стане „втор Бахмут“. Соопштија дека успеале да го уништат рускиот товар со крстосувачки ракети „калибр“, кои се транспортирале со воз во окупираниот Крим. Руски авиони, пак, пресретнале два американски бомбардери над Балтикот.
