Свет

ЕУ: Милијарда евра на Турција за помош по земјотресот

21.03.2023 09:39

Меѓународна донаторска конференција за поддршка на настраданите во земјотресите во Турција и во Сирија. Според Брисел, Европа мора да се мобилизира за обновата на двете земји...

Меѓународна донаторска конференција за поддршка на настраданите во земјотресите во Турција и во Сирија. Европската комисија ќе обезбеди милијарда евра помош за Турција, погодена од земјотресот, изјави претседателката Урсула фон дер Лајен. Дополнителни 108 милиони евра ќе и бидат доделени и на Сирија за обновување.

Според Брисел, Европа мора да се мобилизира за обновата на двете земји. Разорниот земјотрес во февруари, однесе речиси 50.000 жртви во Турција и Сирија, како најголема природна катастрофа што го погодила регионот во последните неколку години.